Селекторот на машката ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, го објави списокот од 19 ракометари за подготовките во неделата на ЕХФ од 2 до 8 април.
Во составот за овој прв собир по ЕП во Хрватска ги нема Филип Миркуловски, Аце Јоноски, Филип Лазаров и Немања Прибак. На подготовки во Скопје ќе биде капитенот Кире Лазаров, кој на ЕП во Хрватска во јануари се здоби со повреда на задната ложа и во изминативе два месеци не играше за Нант.
Дебитант во сениорскиот состав е младиот десен бек на Металург, Мартин Серафимов.
Список на ракометари на Машка сениорска репрезентација:
Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Дејан Манасков, Филип Талески, Горан Крстевски, Филип Кузмановски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Велко Маркоски, Дарко Димитриевски, Гоце Ојлески.
Овој собир ќе биде прва фаза од подготовките пред јунскиот бараж против Романија за пласман на СП 2019. Во склоп на подготовките, македонската репрезентација ќе одигра еден контролен натпревар од затворен тип со селекцијата на Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА