Вардар одигра тактички мудро, го победи Рајн Некар Левен и се зацврсти на лидерската позиција во групата А. Тренерот на вардарци, Раиул Гонзалес, има многу причини да биде задоволен по овој дуел во СЦ „Јане Сандански“ во кој вардарци, речиси беспрекорно, неговите замисли ги реализираа на терен.
„Задоволен сум од играта, победивме тим од Бундес-лигата која е една од најдобрите во светот. Добро се подготвувавме за нивната игра „7 на 6“ и игравме со трпение против Рајн Некар Левен.Имавме добар старт, подоцна тие беа подобри, но не успеаја да ја решат нашата одбрана. Имавме и расположен голман , а кога се функционира добро, тогаш и победата е загарантирана. Денеска одигравме подобро дури и од натпреварот против Барселона. Среќен сум поради тоа, бидејќи не е лесно да се победува во ЛШ кога ја браниш титулата“ – рече шпанскиот стратег на клупата на Вардар по триумфот над Рајн Некар Левен.
Реванш со германскиот шампион вардарци ќе имаат веќе во следното коло кога му гостуваат на Рајн Некар Левен во Манхајм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА