ЕКИПА во Брест,
Томас Ѓоргиевски
Тренерот на РК Вардар, Раул Гонзалес на прес конференцијата во Брест во пресрет на Ф4 во рамките од СЕХА лигата не сакаше да издвои фаворит од дуелот против Загреб, со оглед на нивните четири претходни дуели сезонава завршија со по две победи на тимовите. „Црвено-црните“ против себе имаат добро познат ривал, а Гонзалес е свесен дека иако Вардар ја има фаворитската улога, нема да биде нималку лесно таа да биде потврдена на теренот.
„Претходните дуели од сезонава не ни дозволуваат да издвоиме фаворит. Од четирите натпревари победивме на две, додека сите беа крајно неизвесни. Очекувам тврд меч. Загреб игра одлично во одбраната, па ние ќе мораме да реализираме што повеќе напади, бидејќи знаат да креираат многу брзи контранапади, кои можат да бидат фатални за нас. Ние играме многу натпревари во текот на сезоната, но подготвени сме максимално за турнирот. Момците тренираа напорно, задоволен сум од подготовките“ – изјави Гонзалес.
Тренерот на „вардарци“ за овој завршен турнир нема да може да смета на рускиот крилен ракометар Данил Шишкарев. Натпреварот меѓу Вардар и Загреб од полуфиналето во СЕХА-лигата на програмата е утре со почеток во 18.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА