ЕКИПА во Брест, Белорусија
Томас Ѓорѓиевски
Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез вели дека е среќен за пласманот во финалето од СЕХА лигата. „Вардарци“ одиграа безмалку перфектен натпревар против Загреб. Задоволен е Гонзалез од реализацијата, нагласувајќи дека иако голманите немаа свој ден, нападот ја завршил работата.
„Среќни сме што ќе го играме петтото финале. Мечот го започнавме многу добро, концентрирано. Контра нападите што ги реализиравме ја направија разликата, па можевме да земеме малку здив. Во второто полувреме моравме да бидеме концентрирани да ја одржиме разликата, и тоа го направивме. Одговаравме на секој нивни гол. Сега не е важно со кого ќе играме во финалето, доколку играме вака перфектно“ – изјави Гонзалез по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА