Ракометарите на Е. Пелистер го забележаа и единаесеттиот пораз во низа во Лигата на Шампионите откако македонскиот првак вечерва на домашен терен загуби од ПСЖ со резултат 25-31. „Пелистерци“ имаа желба, но разликата во квалитет беше огромна, придонесувајќи гостите од Франција од самиот почеток да го контролираат резултатот и во ниту еден момент да не дозволат триумфот да биде доведен во прашање.
Поранешниот селектор на Македонија и предводник на Вардар, Раул Гонзалез по мечот изјави дека очекува дека Пелистер чекор по чекор ќе напредува.
„Среќни сме бидејќи знаеме дека колку е тешко да се игра во оваа сала. Го искористивме нашиот контра напад и направивме добри работи на овој тежок терен. Јас верувам дека пелистерци чекор по чекор ќе напредуваат и им посакувам многу среќа“, изјави Гонзалез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА