Гонзало Перез де Варгас беше човекот на одлука на денешното финале, откако голманот на Барселона повторно блесна на голот на „црвената фурија“. Тој го потенцираше и клучниот момент во финалето, промената на зоната од 5-1 во 6-0, со што Мариќ беше исфрлен од ритам, а хрватските напади веќе не беа толку опасни како на почетокот од средбата.
„Пресреќни сме, оваа генерација уште еднаш покажа квалитет и карактер. Откако не успеавме да стигнеме до билет за ОИ 2016, сега одиме во Токио како европски прваци. Чувството е неверојатно, ова злато е заслужено, доказ за квалитетот на шпанскиот ракомет. Што се однесува до финалето, знаевме дека Хрватска е репрезентација што по стилот на игра е многу слична на нас. Бевме посвежи кон крајот, а пресуди нашата одбранбена зона 6-0, која целосно ги исфрли Хрватите од ритам“, изјави Гонзало Перез де Варгас.
Шпанецот беше избран за најдобар голман на овој европски шампионат, но потенцираше кој е најзаслужен за неговите одлични изданија.
„Морос и Гвардиола беа извонредни во одбраната. Ова беше речиси перфектно првенство на Шпанија гледано од дефанзивен аспект“, потенцираше чуварот на мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА