Најпознатиот интернет пребарувач „Google“, направи голем гаф во пресрет на Мундијалот кој се игра во ноември и декември во Катар. Страницата објави кој ќе игра во големото финале на Мундијалот. Кога ќе се внесе на шпански „финале на Светското првенство“, го даваше дуелот меѓу Бразил и Франција.
Сепак, веднаш објавата беше избришана, но „скриншот“ се појави на социјалните мрежи и брзо се прошири.
Франција доаѓа на Мундијалот како актуелен светски шампион, додека Бразил стигнува како селекција со најголем број освоени титули. Во финалето на Мундијалот во 1998 година се сретнаа овие две селекции, кога Франција со 3-0 го совлада тимот на „кариоките“ и ја освои тогаш првата светска титула.
💭 Busquen “estadio Lusail eventos” en Google y miren el calendario.
Sí, el 18 diciembre, día de la final de Qatar 2022, ya sale con dos selecciones: Brasil-Francia.
Increíble. 😳 pic.twitter.com/TBfOnEHLTc
— Ataque Futbolero (@AtaqueFutbolero) September 25, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА