ГООООЛЛЛЛЛ… Шкендија води со романскиот шампион (ВИДЕО)

Шкендија има предност од 1-0 против романскиот шампион ФЦСБ на првиот натпревар од 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион извонредно ги искористи своите шанси во вториот дел, доаѓајќи до водство со голот на Алхасан во 65. минута од средбата.

Претходно, ФЦСБ имаше неколку убави шанси за гол, го погодија гостите и дирекот од голот на македонскиот тим, но откако не ги искористија своите шанси следеше казната на спротивната страна.

Веднаш по погодокот, тетовци останаа и со фудбалер помалку по исклучувањето на Ќака во 70. минута, но веќе во 79. минута и Танасе заработи директен црвен картон во романскиот тим.

Се вчитува...