ГОООООЛ: Лаутаро Мартинез го носи Интер во финале на ЛШ (ВИДЕО)

Интер во 73. минута поведе во дуелот со Милан во реваншот во полуфиналето на Лигата на шампионите и се доближи до финалето.

Лаутаро Мартинез ја направи мисијата на Милан невозможна, откако по одлична акција и заспаноста на одбраната на Милан, погоди во мрежата на Мањан за голема радост на „Џузепе Меаца“.

На Милан му треба вистинско чудо во последните 20 минути и три гола за да избори продолженија, што е тешко остварливо. Милан имаше шанси но откако не искористи, Интер казни и сега е многу блиску до Истанбул.

Се вчитува...