Мексико одлично го отвори второто полувреме во мечот против Саудиска Арабија. Откако прво преку Мартин во 48. минута поведоа со 0-1 и влегоа во игра за нокаут фазата, најубавиот момент на Мундијалот се случи четири минути подоцна.
Неверојатниот Чавез во стилот на Жунињо Пернамбукано постигна неверојатен погодок од слободен удар, кој досега е најубав на Мундијалот во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА