Горан Андоновски е нов тренер на Раховице

Македонскиот ракометен стратег Горан Андоновски е претставен за нов тренер на косовскиот прволигаш Раховеци.

Македонскиот тренер ќе го води овој тим во следната сезона во која имаат највисоки амбиции.

„Со задоволство можеме да објавиме дека постигнавме договор со реномираниот македонски тренер Горан Андоновски, кој ќе го води клубот во сезоната 2024-2025.  Има богата кариера како ракометар и беше дел од репрезентацијата на Македонија Кариерата ја започна како играч на Охрид, пред да се пресели во Вардар каде играше осум сезони. Има настапувано и за други клубови како Пелистер и Преспа, пред да ја заврши кариерата во Охрид.  Охридскиот клуб повторно се формираше во 2011 година, откако извесен период престана да постои и му ја довери функцијата тренер на Андоновски. Тој постигна историски резултат откако со клубот се пласираше во плеј-офот. Го водеше и Тиквеш и го претвори во претендент за највисок пласман. Веруваме дека извонредното искуство на Андоновски ќе ни помогне да ги постигнеме нашите цели“, стои во соопштението на Раховеци. 

Се вчитува...