Повремениот репрезентативец на Македонија, Горан Крстевски во следната сезона ќе ги брани боите на суперлигашот ГРК Охрид откако охридскиот клуб го официјализираше неговиот трансфер.
Дваесетиседумгодишникот се сели во Охрид од редовите на романскиот клуб Фочани каде настпауваше од 2020 година, а претходно ги бранеше боите и на Австриски Линц, Еурофарм Работник и Металург.
Крстевски е деветто засилување на ГРК Охрид за сезоната 2023/24 во која клубот влегува со големи амбиции и цел излез во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА