Горан Кузманоски останува дел од проектот на Еурофарм Работбник и во иднина. Кузманоски со битолскиот тим потпиша нов двегодишен договор.
Искусниот плејмејкер во Битола дојде по седум години поминати во романскиот клуб Одорхеи. Во својата интернационална кариера, Горан Кузмановски настапуваше и за португалска Мадеира, во Телеборг во Шведска и во ИБФ на Исланд. Во Македонија играше за Вардар, Металург, Пролет и за матичниот Тутунски комбинат.
Соработката со Еурофарм Работник за наредните две сезони, ја продолжи и десниот бек Михајло Петровски. Од ланскиот ростер остануваат и голманот Филип Ивановски кој потпиша нов четиригодишен договор и левиот бек Дејан Пецаковски со продолжена соработка за уште една сезона.
Како нови засилувања во битолскиот тим летово дојдода голманот Благојче Трајковски, пикерот Никола Маркоски и десното крило Милан Ѓукиќ.
Еурофарм Работник во следната сезона го очекува настап во домашната Супер лига и во Купот на ЕХФ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА