Горан Кузманоски следната сезона ќе го води тимот на РК Скопје 2020 во ракометната Суперлига на Македонија. Поранешниот репрезентативец на Македонија ја прифати понудата на клубот кој во првата сезона во елитата успеа на драматичен начин во баражот да обезбеди опстанок.
Кузманоски на клупата на Скопје ќе ја наследи Адријана Будимир која го водеше клубот во историската прва сезона во елитното натпреварување. Будимир останува во стручниот штаб на клубот заедно со Ања Алтхаус.
Скопје за Кузманосски е втор тим во кариерата кој го води, откако претходно во домашниот шампионат работеше и во РК Прилеп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА