Раководството на РК Бутел го реши тренерското прашање за наредната сезона, откако денеска беше потпишан договор за соработка со поранешниот македонски репрезентативец Горан Кузманоски.
Овој стручњак доаѓа на местото на досегашниот тренер Кристијан Грчевски, кој во последните години со успех ги водеше „бутелци“, но сепак беше донесена одлука летово да биде прекината соработката и скопскиот суперлигаш да продолжи под водство на нов стратег. Изборот падна на Кузманоски, кому Бутел ќе му биде трет клуб во мак-ракометот во тренерската кариера, по Прилеп и Скопје.
„Бутел е екипа која низ годините презентираше добри резултати во Суперлигата и настапи во европските купови. Покрај заминувањето на неколку искусни играчи и играчи кои имаа продонес во екипата, клубот одлучи да се помлади и со нова енергија да влезе во борба за плеј-оф. Амбициите, добрите школи во младите категории ме натераа да се решам да потпишам договор. Целта е пласман во плеј-оф, иако ќе имаме доста подмладена екипа со просек од 23 години. Ме радува и фактот што има младински репрезентативци, што чекор по чекор ќе бидат носители во првиот тим“, изјави Горан Кузманоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА