Поранешниот македонски репрезентативец, Горан Кузманоски (35), останува верен на романскиот Одорхеи. Управaта на клубот на капитенот му понуди нов двегодишен договор, а Кузмановски по седум години поминати во тимот на Одорхеи, реши таму да остане и во наредните две.
„На капитенот му понудивме нов договори среќни сме што тој останува со нас. Официјалните документи беа потпишани за неколку дена“ – изјави претседателот на Одорхеи, Верестој Атила, за официјалниот клупски сајт.
Кузмановски дојде во Одорхеи во 2011 година и во изминативе седум сезони стана едне од клучните играчи и капитен на тимот. Изминатава сезона тој беше наименуван и за помошник тренер во тимот, а по оствката на тренерот Влад Чаба, ја доби довербата да го води тимот како играч-тренер во разигрувањето за 5.место во романскиот шампионат.
„Во Одорхеи сум веќе седум години што е прилично долг период за еден спортист и решив тука да останам. Задоволен сум од довербата што ја имам од управат на клубот и кога ми понудија нов договор прифатив без многу дилеми. Првенството го завршивме на петото место што ни носи место во европските купови за следната сезона која за нас ќе биде и нов предизвик. Ќе имаме нов странски тренер и извесни промени во составот што сигурно ќе донесат еден нов позитивен импулс за следната сезона. Ќе продолжам да играм, а останувам паралелно и како помошник тренер во тимот“ – вели Горан Кузманоски.
Од доаѓањето на Кузманоски во клубот, Одорхеи стана македонска база во Романија и клуб во кој секоај сезона играат по неколку македонски ракометари. Дел од овој романски тим покрај Кузманоски, досега беа и Стојанче Стоилов, Лазо Мајнов, Мите Стоилов, а изминатава сезона таму настапуваа и Милорад Кукоски и Гоце Ојлески. Според најавите тие од следната сезона го напуштаат тимот, но не е исклучена можноста во составот на Одорхеи летово да дојде некој друг македонски ракометар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА