Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев ќе биде официјалниот европски промотор на најголемиот спортски настан кој оваа година ќе се одржи во нашата земја – УЕФА Суперкупот 2017 кој на 8. август се игра на „Телеком арената“ во Скопје.
Пандев, со одлука на Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА, ќе биде амбасадор на Суперкуп финалето – „Скопје 2017“.
Официјалното негово претставување како амбасадор на Суперкупот ќе биде во текот на утрешниот ден, по што од негова страна во следните четири месеци ќе следат активности за промоција на Македонија, македонскиот фудбал и организацијата на Суперкупот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА