Фантастичното прво полувреме на Горан Пандев против Наполи му обезбеди на македонскиот ас уште еден рекорд кога станува збор за најквалитетните европски лиги.
Имено, Пандев е највозрасниот фудбалер од Топ 5 лигите во Европа (Италија, Шпанија, Англија, Германија и Франција) кој во досегашниот дел од сезоната зад своето име веќе забележал два погодоци и две асистенции.
Уште еден доказ за класата на 37-годишниот Македонец, кој својата кариера ќе ја круниса со настап за македонската репрезентација на ЕВРО 2021.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

