Горан Пандев е на трибините на стадионот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје со поддршка за својот тим Академија Пандев на реванш дуелот од првото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.
На „пандевци“ ќе им треба чудо ако сакаат да се пласираат во следното европско коло, по убедливиот пораз од 4-1 на првиот натпревар во Гдањск од полската Лехија.
И Горан Пандев посакува чудо, иако е сосема јасно дека тимот од Струмица ќе има повеќе од тешка задача.

На трибините на комплексот на ФФМ се и поранешните македонски репрезентативци Аце Стојков, Никола Ѓошевски, Златко Таневски, Остоја Стјепановиќ, како и поранешниот тренер на „пандевци“, Александар Васоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

