На покана на клубот, поранешниот македонски репрезентативец Горан Попов беше во посета на Херенвен, клуб во кој настапуваше во својата кариера.
Попов имаше можност да ги поздрави навивачите на овој тим пред денешниот дуел со НЕЦ Нијмеген.
„Дали се сеќавате на него“, стои во натписот на клубот на социјалните мрежи.
Попов беше дел од Херенвен од 2008 до 2010 година, и со екипата успеа да го освои Купот на Холандија, што е најголем успех на клубот во историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА