Горан Попов повторно го облече дресот на ВБА и заигра на хуманитарен меч (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Попов, вчера учествуваше на хуманитарен меч во Англија, и повторно го облече дресот на Вест Бромич Албион. Попов играше во ВБА од 2012 до 2014 година, и доби покана да биде дел од овој натпревар кој се играше на стадионот на неговиот поранешен тим.

Попов играше заедно со некои од „ѕвездите“ на ВБА како Форстер, Одемвинге, Бери, Гера, Олсон, Барнет, Кушчак… а едната екипа беше предводена од легендарниот италијански стручњак Роберто ди Матео, кој ја освои првата европска титула со Челси.

„Фантастична организација. Со задоволство прифатив да бидам дел од овој меч, во кој повторно заиграв во ВБА. Минав одлични две сезони во овој тим, стекнав голем пријатели и чест ми беше да бидам одново со нив. Играв цели 90 минути, имаше дружење пред и после мечот и навистина ова е за мене едно неверојатно животно искуство“, ни изјави Попов.

Се вчитува...