Поранешниот македонски репрезентативец, Горан Попов, кој спогодбено го раскина договорот со Вардар, кариерата ќе ја продолжи на Кипар, во редовите на Докса, објавија тамошните медиуми. Тој постигнал договор со раководството на овој клуб да го носи дресот на Докса во претстојната сезона.
Горан Попов во својата кариера беше член и на ВБА, Динамо Киев, Херенвен, Црвена Звезда, Левадијакос, Егалео, а почетоците ги имаше во Беласица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА