Поранешниот македонски репрезентативец Горан Попов, викендов беше дел на ревијален натпревар на неговиот екс тим Херенвен. Холандската екипа играше по повод 30 години од изградата на стадионот „Абе Ленстра“ на кој настапува оваа екипа.
Со специјален дрес со број три и со името на Андреј Лазаров, кој трагично го загуби животот во страшниот пожар во Кочани, Попов го одигра овој меч, во кој учество земаа неговите поранешни соиграчи со кои го освои Купот, како и поранешни легендарни играчи како Ван Нистелрој, Даниел Прањиќ, Миралем Сулејмани…
На предната страна на дресот имаше натпис „Кочани 16.03.2025“.
Попов беше дел од Херенвен од 2008 до 2010 година, и го направи најголемиот успех на клубот, освојувајќи го пехарот во Купот на Холандија.
На крајот Попов заедно со навивачите ја испеа легендарната песна, напишана специјално за него додека беше дел од холандскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА