Искусниот македонски стратег Горан Самарџиев е нов главен тренер на косовскиот прволигаш КК Раховеци. Тој го заменува на функцијата Бујар Љоци, кој вчера доби отказ по неочекуван развој на настаните во клубот.
За Самарџиев ова ќе биде второ интернационално тренерско искуство по успешниот период во словачкиот прволигаш Комарно, каде што остави силен впечаток пред да се врати во Македонија. По заминувањето од Работнички во мај минатата година, летово тој беше селектор на младинската репрезентација на Македонија до 20 години, со која настапи на Европското првенство Б-дивизија.
Раховеци во моментов се наоѓа во тешка ситуација, откако тимот е на седмата, претпоследна позиција на табелата во косовската Суперлига со слаб биланс од само 5 победи од 10 одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

