Горан Симов е именуван за нов шеф на стручниот штаб на велешкиот второлигаш Борец 1919.
Симов ќе има тешка задача да обезбеди опстанок со клубот во второлигашката конкуренција.
Како голман, во својата играчка кариера, ги носеше дресовите на Македонија ЃП, со кого го освои и Купот на Македонија во 2006 година, Вардар и Силекс. Во својата тренерска кариера беше шеф на стручен штаб на три клуба. Од 2019 до 2021 во Силекс, и од 2021 до 2022 во Вардар, а во 2023 година беше тренер и на Македонија ЃП. Како тренер го освои Купот на Македонија во 2021 година предводејќи го Силекс до трофејот откако во финалето ја совлада Академија Пандев на пенали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА