Горан Станиќ најблиску до клупата на репрезентацијата до 21 година

Откако стана прв човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ веднаш најави дека ќе има смени на селекторските функции во младите селекции на Македонија.

ЕКИПА дознава дека селектор на репрезентацијата до 21 година во скоро време ќе биде назначен Горан Станиќ. Сегашниот тренер на Работнички треба да ја преземе функцијата од искусниот Драган Канатларовски, кој е селектор на младите од јуни 2021 година, откако Благоја Милевски го презеде кормилото на сениорската репрезентација.

Македонската младинска репрезентација ја заврши квалификациската група за пласман на Европското првенство на четвртата позиција, без можност да се пласира на финалниот турнир, ниту во плеј-офот. Имаше скор од четири победи и шест порази.

Селектори ќе добијат и дел од помладите селекции на Македонија. Одлуката треба да помине на следниот Управен одбор.

Се вчитува...