Горан Тодорчев е нов тренер на Вардар Неготино

Горан Тодорчев е именуван за нов шеф на стручниот штаб на второлигашот Вардар Неготино, информираат официјално од клубот.

Тодорчев доаѓа на местото на Љупчо Димитковски – Гањо кој се повлече по поразот во Струга од Караорман во 3. коло од Втората македонска фудбалска лига.

39-годишниот Тодорчев своето деби на клупата на Вардар ќе го има викендов на Градскиот стадион во Неготинот против Скопје во 5. коло од ВМФЛ. Вардар Неготино по четири кола е со  само три бода на табелата, со три порази и една победа од гостувањето против Охрид.

 

Се вчитува...