Горан Здравков нов тренер на Детонит Плачковица

Раководството на второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш  не чекаже многу откако спогодбено беше раскинат договорот со тренерот Иван Варадиновски, со кој клубот во изминатата сезона постигна голем успех  играјки бараж за  влез во Првата фудбалска лига на Македонија против Вардар. Но  неочекувано слабиот старт на Детонит во годинашно во првенство  на eдинствената  втора лига придонесе за разделбатата со тренерот  Варадиновски и клубот веќе ангажира нов шеф на стручниот штаб. Тоа е Горан Здравков кој и порано беше тренер на Детонит, потоа   на Саса а минатата година и на  Брегалница од Штип.

Како играч Здравков има богата фудбалска кариера. Повеќе од 10 години беше еден од  најдобрите играчи на штипска  Брегалница, играше и за Саса, Силекс, Работнички, извесно време и во Шведска.

М.М

Се вчитува...