Горазд Михаилов го напушти ФК Борец

Горазд Михаилов веќе не е тренер на македонскиот фудбалски прволигаш Борец. Велешкиот прволигаш остана без спонзор, откако Кочо Анѓушев се одлучи да го напушти клубот. Миахилов е второ заминување во тимот, откако претходно најдобриот фудбалер Никола Прелчец премина во Работнички.

Михаилов во претходните три години беше на чело на Борец, а најголем успех во кариерата му е освојување на Националниот куп на Македонја во сезоната 2012/2013 со Тетекс. По заминувањето на Кочо Анѓушев од Борец клубот го презедоа ветераните и во моментов се бара нов спонзор за клубот.

Се вчитува...