Гораз Михаилов ќе биде замената за Горан Симов на кормилото на Силекс. По испаѓањето во втората лига тимот од Кратово направи комплетна промена во стручниот дел од раководството, а покрај назначувањето на Михаилов за тренер, во клубот се враќа и легендата, Стевица Ристиќ кој е назначен за спортски директор.
Прва цел на Михаилов и Ристиќ ќе биде враќање на Силекс во елитата, но и достојно претставување на клубот во Европа, каде успеаја да обезбедат пласман со освојувањето на Националниот куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА