И кратовски Силекс, по Шкендија и Вардар, со нов тренер ќе го дочека пролетниот дел од сезоната откако актуелниот стратег Горазд Михаилов се одлучи да се раздели со клубот.
Михаилов преку социјалните мрежи се поздрави со досегашниот свој клуб искажувајќи благодарност за соработката со кратовци, сега во очекување на своите нови тренерски предзвици.
„Секогаш има крај на една епизода, епизода која траеше 2,5 години. Можам да бидам презадоволен од постигнатите резултати, но тие не би се постигнале ако не ја имав подршката од моите соработници (спортскиот директор Ристиќ, Иванов, Глигоровски, Христовски, Динев, Мицков) каде успеавме да го вратиме ФК Силекс на старите патеки во мак-фудбалот и константно да го подобруваме нашиот рејтинг со игрите и резултатите. Затоа на сите од клубот им благодарам од се срце за неизмерната подршка, шансата која ми ја доверија и ја оправдав со својата посветеност и резултати, а верувам дека во иднина ќе постигнувате позитивни резултати а јас ќе Ве следам и навивам за Вас. Ти благодарам Кратово ти благодарам Силекс“ – истакна Михаилов.
Како што дознава ЕКИПА, најблиску до позицијата нов тренер на Силекс е досегашниот тренер на Вардар, Александар Васоски кој би можел да го преземе тимот во битката за европски излез сезонава. Според нашите информации, раководството на Силекс силно го посакува еден од најдобрите македонски тренери на чело на својот тим, а главниот предизвик за Васоски би бил токму битката за Европа со кратовци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

