Во Струмица, АП Брера под водство на новиот тренер Горазд Михаилов се врати на победите триумфирајќи против Беса со 3-2.
По трите едноподруго порази, струмичани повторно се вратија на победи, иако и се коцкаа во пресметката со Беса, дозволувајќи од 3-0 противникот да дојде до конечни 3-2.
А, сите возбудувања на мечот се случија во второто полувреме. Најпрво Брера дојде до водство од 3-0 во само 11 минути, со головите на Ивковиќ во 46. минута потоа на истиот играч во 54. минута од пенал и на крај на Ѓоргиевски во 57. минута.
Сепак, Беса внесе неизвесеност со головите на Љамалари во 66. минута и Реџепи во 88. минута.
Но, не доволно и за целосен пресврт и спасување на натпреварот.
ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 3-1
Белица 24, Данев 80′, Рехба 90’+1 – Витао 75′
Струмица: АП БРЕРА – БЕСА 3-2
Ивковиќ 46′, 54′(п), Ѓоргиевски 57′ – Љамалари 66′, Реџепи 88′
Скопје: ГОСТИВАР – ВАРДАР 1-1
Алдаир 20′ – Босанчиќ 85′
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1-1
Канда 45′- Цаке 60′
Битола: ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТЛ 1-1
Радиќ 45′(аг) – Кехинде 16′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС 0-3
Ѓоргиевски 61′, Кочоски 73′, Николиќ 83′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА