Горазд Михаилов заработи црвен картон поради неспортско однесување на крајот од мечот во Штип (ФОТО)

Кратовски Силекс заработи два црвени картони на денешниот дуел против Брегалница во Штип на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Првиот за Рајков, кој во 70. минута заработи директен црвен картон поради удар со лакт на противнички играч, и вториот за шефот на стручниот штаб Горазд Михаилов во самиот финиш на натпреварот.

Михаилов претходно во 28. минута заработи и жолт картон поради реакции на судењето на мечот, нешто за кое опомена во првото полувреме заработи и домашниот стратег Горан Здравков. Но, во самиот финиш при повторни реакции кон судиската четворка, Михаилов во 91. минута заработи и исклучување поради неспортско однесување…

 

 

Се вчитува...