Горазд Михајлов го презема кормилото на АП Брера

Досегашниот тренер на Вардар, Горазд Михајлов го презема кормилото на струмичкиот прволигаш АП Брера.

Според нашите информации, раководството на Брера Струмица по раскинувањето на договорот со Србинот Бојан Круљ, сега со одлука 50-годишниот македонски стратег да биде нов шеф на стручниот штаб во обидот за враќање на атмосферата и резултатите во клубот. Михајлов повеќе од успешно ги водеше изминативе две години екипите на Силекс и Вардар, како препорака и за челниците на АП Брера.

Михајлов низ досегашната своја тренерска кариера ги предводеше и екипите на Силекс, Борец Велес, Тетекс, Напредок, Пелистер и Охрид на домашната фудбалска сцена, како и Рудар Приједор во БиХ.

Се вчитува...