Горазд Михајлов ја препороди Брера: „Не чека уште многу напорна работа, со фокус сме на секој следен меч…“

Горазд Михајлов комплетно ја препороди екипата на АП Брера. По преземањето на тимот еден од најистакнатите македонски фудбалски стратези, по пет натпревар, вклучувајќи го Купот, е без пораз на клупата на струмичани со две победи и две ремија во шампионатот.

Последната убедлива победа од 4-0 на Брера против Пелистер е само мотив повеќе за тимот за продолжението од првенството, иако Михајлов потенцира дека мора да се остане цврсто на земја затоа што тимот го очекува уште многу напорна работа сезонава.

„Добивме натпревар кој од психолошки аспект беше многу важен за нас затоа што одигравме пет натпревари во само две недели. Секако дека сум задоволен од играта и резултатот. Кога ќе победите со 4-0 на еден натпревар, убаво е чувството, иако мора да се истакна дека воопшто не беше лесно како што кажува резултатот“ – вели Михајлов и дополнува:

„Ова е добар мотив за продолжението од првенството, остануваме цврсто на земја, не чека уште многу напорно работа, со фокус на секој следен меч. Со мислите сме веќе на Чаир каде посакуваме да продолжиме во ист стил“.

Се вчитува...