Горазд Србљак е нова шампион на Македонија во тенис откако триумфираше на Државното првенство кое се одржа од 27. до 30.септември на терените на ТК Југ во Скопје.
Србљак во финалето на шампионатот славеше против Димитар Грабул во два сета, со 6-3 и 6-2. На турнирот, поради повреда, не настапи најдоброрангираниот македонски тенисер на АТП листата, Томислав Јотовски.
Во конкуренција на двојки триумфираа Стефан Мицов и Обрад Марковски, кои во финалето беа поуспешни од Иван Манасов и Михаил Кусевски победувајќи со убедливи 6-0, 6-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА