Новиот македонски шампион во тенис, Горазд Србљак со победа стартуваше на главниот турнир од ИТФ Фјучерсот вреден 15.000 долари во Анталија, Турција.
Србљак во 1. коло на турнирот убедливо го победи домашниот тенисер Дурукан Дурмуш дозволувајќи му да освои само два гема, со 6-1, 6-1.
Па, во 2. коло на Фјучерсот македонскиот тенисер ќе се соочи со Италијанецот Клаудио Фортуна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА