Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров завршија огромна работа во трката за титулата откако забележаа голема победа на дербито против Чаир во 17. коло од Супер-лигата, со убедливи 24-16.
Цврстата одбрана беше заштитен знак на ѓорчепетровки, за чија зона гостинките не успеаја да најдат одговор. Впрочем, Чаир постигна само шест гола во првите 30 минути, период во кој домаќинот поведе со 13-6 и си го трасираше патот до победата. Ѓорче Петров имаше и двоцифрени 20-9 во своја полза, за на крајот да слави со конечните „плус осум“.
Ризовска со пет погодоци беше најефикасна во редовите на победничките, додека кај Чаир по четири пати меѓу стрелците се запишаа Дамчевска и Рејеб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

