Ѓорче Петров за еден гол не успеа да го елиминира Хорс

Македонскиот првак Ѓорче Петров ја заврши сезоната во Европа, и тоа за само еден гол, откако вечерва го совладаа шведскиот Хорс со 26-19. Но, тоа не беше доволно да се анулира негативата од првиот меч од осум разлика (29-21).

Проблем за „лавиците“ беше тоа што многу доцна се разбудија во натпреварот. Одиграа феноменално второ полувреме во кое на противникот му дозволија само седум гола, но тоа не беше доволно за нешто повеќе од победа од 26-19.

Ивана Дежиќ со 10 гола беше прво име во нашиот табор, додека кај Хорс Јоана Остболм постигна пет гола.

Се вчитува...