Ѓорческа без проблеми на стартот во Куршумлијска бања

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа обезбеди место во осминафиналето на турнирот во Куршумлијска Бања, Србија откако на стартот ја елиминираше Романката Стефанија Бојица.

Романката го предаде мечот во вториот сет, откако Ѓорческа првиот сет го доби со 6-2. Македонската тенисерка, која е седма носителка на турнирот, поведе и во вториот сет со 1-0, по што Бојица предаде поради повреда.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Италијанката Паганети и Русинката Золотарева.

Се вчитува...