Ѓорческа до четвртфинале во Куршумлиска бања

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во српска Куршумлиска бања.

На фјучрсот вреден 40.000 американски долари тетовчанката славеше над домашната тенисерка Миа Ристиќ со 2-1, по сетови 3-6, 6-2 и 6-3.

Во четвртфиналето Ѓорческа за противник ќе ја има Французинката Лоис Боасон.

Се вчитува...