Ѓорческа доминантно до полуфинале во Куршумлијска бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со одличните резултати на ИТФ фјучрсот кој се игра во српска Куршумлијска бања.

Тетовчанката без поголеми проблеми се пласираше во полуфиналето, откако денеска во четвртфиналниот дуел славеше над словенечката тенисерка Далила Јакуповиќ со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-3.

Во полуфиналето Ѓорческа ќе се сретне со домашната тенисерка Лола Радивојевиќ која денеска без борба ја доби битката со сонародничката Нина Стојановиќ.

Се вчитува...