Ѓорческа е незапирлива – нов триумф за финале во Чешка

Лина Ѓорческа продолжи со серијата одлични настапи на ИТФ турнирот во Оломуц, Чешка, откако македонската тенисерка славеше со 2-1 во полуфиналнат пресметка со Астахова од Русија.

Ѓорческа беше импресивна во првиот сет, кога по негатива од 0-2 освои дури шест гејма во серија и славеше со 6-2. Русинката возврати добивајќи го вториот сет со 3-6, но Лина беше најдобра кога беше најважно, го доби третиот сет со 6-3 и си го визираше учеството во големото финале.

Нејзина противничка ќе биде Сара Блејк. Станува збор за тенисерка која моментно е 181. на ВТА-листата, Ѓорческа се наоѓа на 272. позиција, но Македонката веќе покажа дека знае како се земаат скалпови на ривалки со подобар ранкинг од нејзиниот.

Се вчитува...