Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на стартот од новата сезона ја очекува настапот на Австралија Опен во Мелбурн. Таа трета година ќе биде дел од квалификациите на овој турнир. Во својот прв настап во Мелбурн беше на чекор до главниот турнир.
Таа во Скопје ќе се подготвува за настапот во Мелбурн, а за Австралија патува на 4.јануари (недела).
„Во јануари е почетокот на сезоната и не може да се има поубав старт од Австралија опен. Се подготвувам за успешен настап. Еднаш бев многу блиску и се надевам дека сега ќе го скршиме мразот“ и ќе изборам пласман на главниот турнир. Сон на секој тенисер е да учествува на Грен слем турнирите, така и за мене. Се надевам дека ќе имам учество и на „главен турнир“, но оваа година ќе има и настапи на повеќе ВТА турнири, изјави Ѓорческа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

