Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, е елиминирана во 1/16 финалето на турнирот во Братислава, Словачка. Ѓорческа денеска со 2-0 загуби од хрватската тенисерка Андреа Ружиќ, во сетови 6-4 и 6-1.
Ружиќ инаку е петта носителка на турнирот, и 173 на ВТА листата.
Ѓорческа го почна првиот сет со негатива, но брзо дојде до три поени, и го сврте во нејзина корист со 1-3. Меѓутоа следуваше одличен период за хрватската тенисерка и успеа да дојде до 3-3. Ѓорческа потоа поведе и со 3-4, но три поени по ред за Ружиќ, за добивање на првиот сет.
Лина во вториот сет губеше 1-0, а потоа израмни на 1-1. Но, нејзиниот огромен пад до крајот на сетот, беше крунисан со пет поени по ред за противничката, и конечна победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА