Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана во четвртфиналето на ИТФ фјучерс турнирот во унгарскиот град Баја. Таа загуби од четвртата носителка на турнирот, Река Лука Јани со 2-1 во сетови (6-3, 3-6, 2-6).
Во првиот сет, македонската тенисерка одигра одлично и успеа да го добие со 6-3 во гемови. Имаше брејк и во вториот сет, меѓутоа на крајот сепак го загуби со идентични 6-3 во гемови.
Третиот сет комплетно и припадна на ривалката, која на крајот славеше со 6-2 во гемови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА