Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа успеа да се избори за место во четвртфиналето од фјучерс-турнирот во Загреб, откако по голема борба славеше над Британката Хедер Вотсон со 2-1 во сетови. Овој дуел траеше дури три часа, но Македонката покажа квалитет кога беше најважно, успевајќи да го скрши отпорот на Вотсон во самата завршница.
Првиот сет донесе максимално израмнета борба во која сепак Вотсон успеа да слави во тајбрејк со 7-2. Ѓорческа возврати добивајќи го вториот сет со 6-4, а потоа и правејќи брејк на стартот од решавачкиот сет. Вотсон се врати, па и третиот сет беше решен во тајбрејк, но Лина одигра одлично во клучните моменти, славејќи со 9-7.
Следна противничка на Ѓорческа ќе биде Ела Сидлер од Германија, квалификантката која денеска славеше над Сербан со 2-0 во сетови над Георгиана Сербан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

