Ѓорческа го освои турнирот во Германија во двојки

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со нов трофеј во кариерата, откако денеска го освои турнирот во Нехинген (Германија) во двојки.

Ѓорческа заедно со тенисерката Фомина, беше подобра од грузиско-германската двојка Горгодзе – Хобгарски со 2-0, во сетови 6-2 и 6-4.

Интересно е да се напомене дека Горгодзе – Хобгарски на патот до финалето немаа ниту еден загубен сет.

Се вчитува...