Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето во двојки на ИТФ фјучерсот во Грузија, кој се игра за награден фонд од 40.000 долари.
Заедно со Екатерине Горгоѕе македонската тенисерка беше поуспешна од првите носителки на турнирот Мартина Кубка од Полска и Лиса Зар од Шведска победувајќи со 2-1 во сетови.
Македонката и Грузијката и со 7-6 и 10-5 се изборија за пласман во наредната рунда каде ги очекуваат Зверава и Кардава.
Ѓорческа претходно загуби во второто коло во поединечна конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

