Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во осминафиналето на ВТА Челинџерот во Куршумлијска Бања, Србија, откако со пресврт ја совлада Гркинка Деспина Папамихаил во три сета.
Со извонредна игра, Ѓорческа славеше со 3-6, 6-1, 6-2 против 220-рангираната на ВТА листата, која беше четврта носителка на турнирот.
Македонската тенисерка претходната недела играше во финалето на фјучерсот во Куршумлијска бања, а сега успешно продолжува и на Челинџерот. Ѓорческа во следната рунда ќе се соочи со Русинката Дарија Астакова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

